Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Алкалоид дел од светски научен труд

Во “Nature Medicine”, едно од најреномираните светски научни списанија е објавен оригинален научен труд под наслов  ”Отстранувањето на микрофлората промовира потемнување на белото масно ткиво и ја редуцира дебелината”. Ова откритие е дело на истражувачки тим на научници од одделот за клеточна физиологија и метаболизам при медицинскиот факултет на Универзитетот во Женева, предводени од проф д-р Мирко Трајковски, еминентен научник со македонско потекло во соработка со “Алкалоид”. Ова е исклучително значајно откритие во светски рамки и ја отвора сферата на сосема нови третмани против дебелината, со истражување алтернативни начини на супресирање- менување на микрофлората со ефикасни клинички третмани против дебелината.

- Поголемиот број беж клетки, што се појавуваат во белото масно ткиво, овозможуваат поголемо согорување на калориите, што укажува дека стимулирањето на нивниот раст доведува до редукција на дебелината. Отсуството на  микробиотата активира изненадувачки метаболички механизам, па белите масни клетки – што кога се во вишок, предизвикуваат дебелина и намалена чувствителност кон инсулинот – почнуваат да се  трансформираат во таканаречени “беж” клетки, слични на кафеавите масни клетки, кои пак штитат и од дебелината и од последиците предизвикани од неа, изјави професор Трајковски

За истражувачкиот тим ова научно достигнување претставува огромен успех во областа на клеточна физиологија и метаболизам на светско ниво. Има посебно значење и за македонската наука бидејќи претставува пионерско истражување од овој тип за чии цели се користени производи од портфолиото на “Алкалоид” како и стручно научна експертиза од фармацевти од компанијатапредводени од фарм.спец. Мирослава Илиeвска.

И за “Алкалоид” ова е дополнителен поттик за понатамошна соработка со научни институции од светски ранг како и поддршка на проекти од овој тип кои придонесуваат за дополнителна афирмација на земјата во светот.Во “Nature Medicine”, едно од најреномираните светски научни списанија е објавен оригинален научен труд под наслов  ”Отстранувањето на микрофлората промовира потемнување на белото масно ткиво и ја редуцира дебелината”. Ова откритие е дело на истражувачки тим на научници од одделот за клеточна физиологија и метаболизам при медицинскиот факултет на Универзитетот во Женева, предводени од проф д-р Мирко Трајковски, еминентен научник со македонско потекло во соработка со “Алкалоид”. Ова е исклучително значајно откритие во светски рамки и ја отвора сферата на сосема нови третмани против дебелината, со истражување алтернативни начини на супресирање- менување на микрофлората со ефикасни клинички третмани против дебелината.

- Поголемиот број беж клетки, што се појавуваат во белото масно ткиво, овозможуваат поголемо согорување на калориите, што укажува дека стимулирањето на нивниот раст доведува до редукција на дебелината. Отсуството на  микробиотата активира изненадувачки метаболички механизам, па белите масни клетки – што кога се во вишок, предизвикуваат дебелина и намалена чувствителност кон инсулинот – почнуваат да се  трансформираат во таканаречени “беж” клетки, слични на кафеавите масни клетки, кои пак штитат и од дебелината и од последиците предизвикани од неа, изјави професор Трајковски

За истражувачкиот тим ова научно достигнување претставува огромен успех во областа на клеточна физиологија и метаболизам на светско ниво. Има посебно значење и за македонската наука бидејќи претставува пионерско истражување од овој тип за чии цели се користени производи од портфолиото на “Алкалоид” како и стручно научна експертиза од фармацевти од компанијатапредводени од фарм.спец. Мирослава Илиeвска.

И за “Алкалоид” ова е дополнителен поттик за понатамошна соработка со научни институции од светски ранг како и поддршка на проекти од овој тип кои придонесуваат за дополнителна афирмација на земјата во светот.

Share

Соработници и партнери