Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

СЕ ГРИЖИТЕ ЗА ОПАЃАЊЕТО НА ВАШАТА КОСА ?

Дел од он-лајн кампањата за месецот на машко здравје Моември, во организација на Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните Превентус Скопје, ви овозможуваме подобро да се запознаете со опаѓањето на вашата коса. На оваа тема за Вас пишуваше МД-р Елена Арсова, трихолог и медициски директор во 101Hair clinic.

Понекогаш вашето огледало го поттикнува првото прашање : Дали почнува косата да се проретчува?

Или можеби, вашата четка или чешел или одводот на кадата ви кажуваат дека можеби ви опаѓа повеќе коса од обично. 

Ако ја губите косата некое време и забележувате места на проретчување сигурно се запрашувате колку коса всушност ќе изгубите. Ако сте млада личност со родител или близок роднина кој има ќелавост сигурни се запрашувате дали ќе ја губите косата и понатаму.
На овие прашања нема да добиете одговор гледајќи се во огледало. Ниту ќе добиете задоволителен одговор на интернет страниците, затоа што губењето на косата кај било која особа е индивидуализирано од повеќе фактори, наследната компонента, медицинската историја,возраста и полот. Одговорите треба да се индивидуализирани замо за вас.

Прашањето околу ќелавоста неизбежно го подигнува и следното прашање : Што можам да направам околу опаѓањето на косата? И на ова прашање ви треба индивидуализиран одговор.

Како и за било кое прашање кое се однесува на здравјето така и за косата би сакале консултација со експерт кој е професионално обичен и има искуство во оваа област. 
Доктори- трихолози се доктори кои специјализирале во областа трихологија и стекнале знаења и искуство за дијагноза и третирање на различни форми на опаѓање на косата.
Што може трихологот да ви каже за вашето опаѓање на косата?

Едно од првите прашање кое треба да се одгвори: ако ја губите косата, која е причината? Најчестата причина за губење на косата кај мажи и жени е андрогенетска алопеција, наследна ќелавост. Андрогенетската алопеција има генетска основа и има тенденција да се појавува во фамилијата. Но има и многу други прилини за опаѓање на косата, и пред започнување на било каков третман, причината за опаѓање на косата мора да се дијагностицира.

Друго прашање на кое ќе ви треба одговор : Дали моето опаѓање ќе прогредира, и ако е така колку ќе прогредира и колку брзо? Одговори на овие прашања можат да се најдат во фамилијарната историја на ќелавост, личната историја и податоцитеод научните студии за ќелавост.

Што може да се направи околу вашето опаѓање?
Препораки за третманот против опаѓање на косата ви даваат опции базирани на експертската анализа на вашата состојба од страна на трихологот. Опциите може да вклучат нехируршки, хируршки опции или комбиниран пристап.

Што после прегледот ?
После трихолошкиот преглед од страна на докторот –трихолог можете да ги процените одговорите кои ги добивте на вашите прашања и да ги разгледате опциите кои би го спречиле опаѓањето и би го решиле проретчувањето на косата. И секако да го изберете одреден третман и да почнете да го спроведувате.

 

Д-р Елена Арсова, трихолог и медициски директор,101Hair clinic

Share

Соработници и партнери