Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

,,Алкалоид” со раст на консолидиран извоз од 10%, инвестиции од над 530 милиони денари и 79 нови вработувања во првите 9 месеци од 2015-та

,,Алкалоид АД “Скопје оствари позитивни финансиски резултати во првите девет месеци од 2015 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Во периодот јануари -септември, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 5.872 милиони денари, што е за 6% повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 10%. Зголемување од 1% е забележано и кај добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која во првите девет месеци годинава достигнува 841 милиони денари, додека нето консолидираната добивка од 462 милион денари е зголемена за 5%, покажува консолидираниот Биланс на успех.

Според единечниот Биланс на успех, пак, во периодот јануари -септември, продажбите достигнуваат 4.492 милиони денари, што е за 3% повеќе во споредба со истиот период лани. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 811 милиони денари, бележи зголемување од околу 1%, додека нето добивката е зголемена за 3%.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари - септември 2015 година изнесуваат 530.367илјади денари.

Во периодот јануари - септември 2015 година во Алкалоид се реализирани 79 нови вработувања во Република Македонија.

Share

Соработници и партнери