Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Празнична донација од Жито Лукс за граѓани во неповолна социјална состојба

Како дел од кампањата „Храна подарена од срце“, компанијата  Жито Лукс и оваа година продолжува со донации за лицата на кои им е најмногу потребна помош. Кампањата е специјално создадена и наменета за помош на установи каде се згрижени граѓани од социјално ранливи категории...
Повеќе: Празнична донација од Жито Лукс за граѓани во неповолна социјална состојба

Алкалоид дел од светски научен труд

Во “Nature Medicine”, едно од најреномираните светски научни списанија е објавен оригинален научен труд под наслов  ”Отстранувањето на микрофлората промовира потемнување на белото масно ткиво и ја редуцира дебелината”. Ова откритие е дело на истражувачки тим на научници од одделот за клеточна физиологија и метаболизам при медицинскиот факултет на Универзитетот во Женева, предводени од проф д-р Мирко Трајковски, еминентен научник со македонско потекло во соработка со “Алкалоид”. Ова е исклучително значајно откритие во светски рамки и ја отвора сферата на сосема нови третмани против дебелината, со истражување алтернативни начини на супресирање- менување на микрофлората со ефикасни клинички третмани против дебелината.

Повеќе: Алкалоид дел од светски научен труд

СЕ ГРИЖИТЕ ЗА ОПАЃАЊЕТО НА ВАШАТА КОСА ?

Дел од он-лајн кампањата за месецот на машко здравје Моември, во организација на Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните Превентус Скопје, ви овозможуваме подобро да се запознаете со опаѓањето на вашата коса. На оваа тема за Вас пишуваше МД-р Елена Арсова, трихолог и медициски директор во 101Hair clinic.

Повеќе: СЕ ГРИЖИТЕ ЗА ОПАЃАЊЕТО НА ВАШАТА КОСА ?

,,Алкалоид” со раст на консолидиран извоз од 10%, инвестиции од над 530 милиони денари и 79 нови вработувања во првите 9 месеци од 2015-та

,,Алкалоид АД “Скопје оствари позитивни финансиски резултати во првите девет месеци од 2015 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Повеќе: ,,Алкалоид” со раст на консолидиран извоз од 10%, инвестиции од над 530 милиони денари и 79 нови...

Моември се одбележува по четврти пат во Македонија

Депресија е главната тема за месецот на машко здравје Моември, кој ќе се одбележи по четврти пат во Македонија во организација на Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните Превентус Скопје. Кампањата ќе вклучува он-лајн активности и едукативни текстови, бесплатни прегледи за здравјето на косата, како и со забава поддржана од светскиот бренд „Durex“. 

Повеќе: Моември се одбележува по четврти пат во Македонија

„Алкалоид“ со награда за најдобар регионален проект во делот на енергетската ефикасност

Континуираните заложби на „Алкалоид“ за заштита на животната средина и за енергетски ефикасното работење овој пат беа наградени со престижнопризнание за„Најдобар регионален проектод областа на одржливата енергија“.Проектот „Надворешна реконструкција на објектза производство – Фармација“, финансиран од програмата WeBSEFF (Western Balkans Sustainable Energy Financing Facility), беше награденво категоријата„Енергетска ефикасност при реконструкција на деловни згради“ на свечена церемонија во Загреб. Оваа програма се реализира во следните држави од регионот: Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија...

Повеќе: „Алкалоид“ со награда за најдобар регионален проект во делот на енергетската ефикасност

Соработници и партнери