Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Прирачник за откажување од цигари

Верувајте во себеси. Верувајте дека можете да се откажете.
Помислете на некои од најтешките работи кои сте ги направиле во својот живот и сфатете дека ја имате храброста и одлучноста да ги откажете цигарите. Се зависи од вас...

Откако ќе ја прочитате оваа листа седнете и направете ваша листа, прилагодена на вашиот карактер и начинот на кој ги правите нештата. Направете ваш план на откажување.

Запишете си ја причината зошто сакате да се откажете (придобивките од откажувањето): ќе живеете подолго, ќе се чувствувате подобро, ќе биде подобро за вашата фамилија, ќе заштедите пари, ќе мирисате подобро итн. Знаето што е лошо кај пушењето и знаете што ќе придобиете ако се откажете. Запишете си го тоа на лист хартија и читајте го тоа секојдневно.

Замолете ја вашата фамилија и пријатели да ве подржуваат во вашата одлука. Замолете ги да тотално да ве подржуваат и да не ве осудуваат. Пред време ги известите дека најверојатно ќе бидете нервозни па дури и ирационални додека се откажувате од пушењето.Одредете дата за откажување. Одлучете на кој ден ќе се откажете целосно од цигарите. Запишете си го тоа. Планирајте за тоа. Подгответе си го умот за помислата: „првиот ден од остатокот на својот живот“. Дури може и да си одржете мала церемонија кога ќе ја пушите последната цигара, или пак утрото на првиот датум на откажување.Зборувајте со доктор за откажувањето.

Подршката од стручно лице е докажан начин да ги подобрите шансите во откажувањето.Почнете да вежбате. Вежбањето е просто не компатабилно со пушењето. Вежбањето ве ослободува од стресот и му помага на вашето тело да се опорави од штета предизвикана со години од пушење цигари. Ако е потребно почнете бавно, со кратки прошетки еднаш или двапати дневно. Зголемете на 30-40 минути ригорозно вежбање 3-4 пати неделно.Секојдневно практикувајте длабоко дишење околу 3-5 минути.

Вдишувајте преку носот многу бавно, задржете го здивот неколку секунди и издишете преку устата. Пробајте да дишете со затворени очи. Замислете го вашиот живот како непушач. Затворете ги очите и почнете да се замислувате како непушач. Замислете се како уживате повеќе како во точка . Замислете како одбивате цигара ако некој ви понуди. Замислете се како ги фрлате сите цигари и за тоа како освојувате златен медал. Развијте некоја сопствена имагинација. Тоа помага.

 Почнете да ги оставате цигарите постепено (ако го изберете овој метод обавезно одберете дата кога сигурно и целосно ќе ги откажете цигарите). Постојат повеќе начини да се остават цигарите постепено. Еден од тие начини е да планирате колку цигари ќе испушите секој ден до датата кога целосно ќе ги оставите цигарите со тоа што секој нареден ден ќе пушите се помалку и помалку.

Менувајте ги марките на цигари за да не уживате толку, давајте цигари на други за секојпат кога ќе сакате да запалите да мора да барате цигара. Најдете некој друг пушач којшто сака да ги откаже цигарите и помогнете си еден на друг со позитивни зборови и убедување да не се откажете од помислата на откажување ако некој попушти. Мијте си ги забите често во денот. Уживајте како изгледаат вашите заби и одржувајте ги убави.Пијте многу вода. Водата е добра за вас како и да е а повеќето луѓе не внесуваат доволно. Помага во отстранувањето на никотинот и другите хемикалии од вашето тело. Дознајте што ја активира вашата желба за пушење. На пример стресот, после оброк, пристигање на работа, влегување во кафич итн. Планирајте алтернативни начини како да се справувате со овие ситуации. Најдете нешто што ќе го држете во раката и устата за да ги замени цигарите. Цевки за пиење се добра алтернатива.

Напишете си инспиративна песна или поема за откажувањето, цигарите и што ќе ви значи ако се откажете. Читајте ја секојдневно. Цело време носете со себе слика на некоја личност која ви е многу важна во животот. На парче хартија запишете си: „Се откажувам заради тебе“. Залепете го ливчето за фотографијата и кога ќе посакате да запалите цигара извадете ја сликата и прочитајте тоа што сте напишале.

Share

Соработници и партнери