Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Зима без премногу антибиотици

Која е здравата алтернатива на антибиотиците? Што може да направите за да ја спречите појавата на инфекции или да оздравете без потенцијално сериозни нус појави кои бараат употреба од антибиотици?

Сончајте се
Соодветното ниво на витамин Д е нужно за здрав имунитет. Најдобар природен извор на овој витамин е изложеноста на сонце. Затоа, искористете ги сончевите зраци до максимум.

Почесто јадете антимикробна храна
Многу намирници имаат способност на уништување на опасни бактерии. Меѓу нив се кокосовото млеко, кокосовиот путер, природниот мед, лукот, кромидот и зелката.

Консумирајте ферментирани намирници
Намирниците кои содржат пробиотици, како што е јогуртот со пробиотик, се одлични за зајакнување на имунитетот.

Користете антимикробни лековити билки и зачини
Постојат многу билки кои делуваат антимикробно, а најпознати меѓу нив се куркумата, ѓумбирот и чили пиперчињата.

Без стрес
Стресот е еден од најголемите причинители на разни заболувања и инфекции. Редовната изложеност на стрес сериозно го намалува имунолошкиот систем, заради што е нужно да го избегнувате. Практикувајте јога и медитација, одете редовно на прошетки во природа и бидете опкружени со позитивни луѓе.

Вежбајте брзо и во кратки интервали
Кратката, но редовна физичка активност нема да ви го исцрпи организмот, туку напротив, ќе ви ја зголеми силата и ќе го стимулира вашиот имунолошки систем. Ова е еден од најздравите начини на превенција од разни заболувања.

Не брзајте
Штом се разболете, немојте веднаш да посегнувате по антибиотици. Инфекциите се навистина непријатни, но често поминуваат без поголем проблем и без последици, па заради тоа прво пробајте со природна терапија која се состои од чаеви, супи, витамин Ц и многу овошје и зеленчук.

Но, треба да имате на ум дека докторите предупредуваат дека одредени инфекции може да предизвикаат последици доколку не се лечат со соодветни антибиотици. Затоа, пред да одлучите било што, задолжително консултирајте се со лекар.

Share

Соработници и партнери