Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Како да се подготвите за испит со Вива

Последните денови од подготовките за испит можат да бидат многу стресно време за повеќето студенти. Затоа правилната подготовка при учење преставува важен фактор во постигнувањето на што подобар резултат, а истовремено е и клучот за избегнување на стрес кој ја отежнува концентрацијата и помнењето. Доцните ноќи и пропуштените оброци ја намалуваат енергијата и прават хаос со способноста за концентрирање, па голем број од студентите секогаш бараат различни начини како да се релаксираат при учењето, а притоа да извадат максимум од тоа што го учат. Факт е дека секој студент има различни методи на учење, но постои еден начин што мозокот го насочува како правилно и максимално да ги апсорбира информациите. Тоа е правилна исхрана која може да направи значајна разлика во учењето, посебно во завршната недела од подготовките за испит...

За да извадите максимум од себе, ви предложуваме неколку совети за исхраната што ќе ги подобрат вашите шанси за поефикасно учење и зголемување на потенцијалот на помнење и поголема концентрација.

1.     Првиот и основен совет – Не го прескокнувајте појадокот. Тој е најзначајниот оброк во денот и влијае во будењето на мозокот, хранејќи го со енергија која ја користите во текот на вашето учење и размислување. Лесните појадоци што содржат јаглехидрати не создаваат тегобии во желудникот, а ја зголемуваат енергијата.

2.     Јадете редовно, но не обилно. Учењето бара повеќе енергија од вообичаените активности во текот на денот, но избегнувајте брза храна која се состои од масти што го попречуваат патот на хранливите материи до мозокот. Обилните оброци ќе предизвикаат енергијата во телото да се фокусира на дигестивниот процес наместо кон снабдувањето на мозокот. Одбегнувајте газирани сокови затоа што влијаат врз добриот сон кој е неопходен за здравјето на мозокот.

3.     Кога сме кај соковите, научните истражувања покажуваат дека природните сокови се едни од најдобрите стимуланти за поголема енергија и подобра меморија. Токму затоа сокот од боровинки на Вива е од вистинска помош за сите студенти при нивно ефикасно учење. Боровинките кои ги содржи во себе Вива Боровинка, содржат голем процент на природен витамин Ц којшто е неопходен за апсорпција на железото, а тоа придонесува за правилно одржување на физичката и менталната енергија. Исто така, боровинките се најдобар извор на антиоксиданти, го штитат мозокот од стрес и значително ја подобруваат краткотрајната меморија.

4.     Одбегнувајте големи количества на кофеин. Многумина сметаат дека со конзумирањето на поголемо количесто кофеин ќе се придонесе кон поголема стимулација во менталната будност и издржливост во учењето, но во повеќе случаи се добива контраефект. Поголемите дози на кофеин предизвикуваат вознемиреност, вртоглавица, главоболка и нервоза. Посебно ако сте под стрес, кофеинот може и да ја влоши ситуацијата.

Покрај советите за правилна и здрава исхрана, имајте на ум дека треба да правите и неколку паузи во текот на учењето. За време на тие паузи обидете се да имате мала физичка активност затоа што тоа ја зголемува стапката на проток на крв во вашето тело и мозок, помагајќи ви да размислувате појасно и да учите подобро. Редовното спиење и одмор се исто така важни во финалните подготовки за испит.

Значи сумирано за повисока оцена на испит, се што треба да направите е да седнете да учите, да го планирате времето на учење, здраво да се храните и редовно да козумирате Вива сок од боровинка што преставува ваш вистински пријател за подобра концентрација и меморија при студирањето.

Share

Соработници и партнери