Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Како да ја подобрите ефикасноста на работно место?!

Сигурно секој од нас барем еднаш се запрашал за својата ефикасност во некоја работа. Понекогаш седиш на работа и размислуваш, па зарем јас неможам да направам нешто повеќе, нешто подобро и покреативно од ова сега.

Се разбира дека работникот работи во далеку не идеални услови за работа, тука секогаш се присутни одвлекување на вниманието - несакани повици, силни гласови во ходникот, а понекогаш едноставно ништо не ти влегува во главата од лични проблеми. Некој постојано има главоболки на работното место, некој неможе удобно да се намести, некој незнае од каде да почне и така натаму, а планината од незавршени работи се повеќе расте и расте.

Како резултат на тоа, поединците прават грешки, подолго остануваат на работа, па дури мораат и да го слушаат незадоволството на шефот.

Од тука, следува прашањето како да ја подобрите ефикасноста и да почнете поефективно да ги извршувате работните задачи?

Совет 1организирајте го вашето работното место

Средете го вашето работно биро, полиците и ормарите

„Хаос на бирото – хаос во главата“Обрнете внимание на вашето работно место. Расфрлана тука и таму хартија, канцелариски материјали, книги, алатки, преполни полици, случајно подготвени папки во канцеларија  негативно влијание врз ефикасноста. И колку време и нерви ви требаа да го најде вистинските работи?

Средете го вашето работно биро, документи кои бараат пвично внимание ставете ги во првите редови, пополнете ги папките и ставете ги во плакар, за да има место за периодични документи за известување. Неискористени канцелариски материјали ставете ги во кутии. Не чувајте ѓубре на маботно место – прочитани весници, изпишани листови и така натаму.

Видете дали мебелот е во исправна состојба, дали се мрда работното било, дали нешто шкрипи или не работат светилките, миризба во воздухот, температурата во кабинетот, се што ви пречи и ве прави да се чувствувате неудобно, под итно заменете го со ново и исправно.

Препорака:Не пушете на работно место. Чадот од цигарите не само што ви го загрозува здравјето, но и одзема многу време. Изпушени 10 цигари на ден- тоа се 1 час работно време. Еве колку време трошите во празно.

Совет 2 - физичка активност

Работа во канцеларија често се карактеризира со  - ниска мобилност и недостаток на доволно оптоварување на мускулите. Затоа почесто менувајте ги позите на седење. Бирајте удобни канцелариски столови. Избегнувајте канцелариски столови кои што го одредуваат правецот на седење на човекот.

Од време навреме прошетајте по ходниците, горе – долу по скалите, помалку употребувајте го лифтот. Најдобро е после работа да прошетате барем 2-3 километри пеш. По можност ротирајте ги менталните и физичките активности тоа ја подобрува ефикасноста.

Совет 3 – хранете се правилно

Мрсна и пржена храна, обилен ручек или вечера ја намалува ефикасноста. Сигурно сте забележале колку после јадење сте поспани? Така се вклучува механизмот за преработка на храната. По оброкот, крвта оди во желудникот, каде што почнува да ја вари храната. Помал обем на крв оди во мозокот, автоматски има помало снабдување со кислород во мозокот, мозокот се успорува и затоа се чувствувате поспано.

За да го избегнете тој процес, јадете полесна храна, не употребувајте многу мрсна храна. Во овој случај механизмот за преработка на храна ќе се вклучи речиси не забележано и нема да се успори вашата ефикасност.

Исто така, препорачливо е да се пијат повеќе течности во текот на работното време, како на пример филтрирана вода, помалку мастен јогурт и различни чаеви.

Совет 4 – запиши – изврши

Огранизирајте го сами своето работно време – запишувајте ги задачите кои што мора да ги завршите. Запишување на задачите ќе ви помогне да се фокусирате, да ги разберете работите и да одредите приоритети. Планот за работа може да го направите за ден, недела па дури месец.

Совет 5 – распределувајте ја работата по фази

Ако имате да завршите некоја многу здодевна работа, распределете ја по фази за да ви биде полесно.  Утврдите детален план и време за изработа на секоја од фазите. 

 

Лиа М.

Share

Соработници и партнери