Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Академија за Менаџери организира Отворен ден и бесплатен семинар со д-р Лесли Самози

Со семинар на тема „Каде се парите?! Мотивирање на вработените во време на криза“, предводен од д-р Лесли Самози, Академијата за Менаџери на 19ти јуни организира Отворен ден во Скопје. Сите кои се заинтересирани своето образование да го продолжат на еден од 100те најдобри универзитети во светот, Универзитетот Шефилд, на Отворениот ден ќе може да дознаат повеќе информации за новите програми и уписи...

„Сите информации за програмите кои се нудат во Скопје, принципот на учење односно предавање, со какви дипломи можат да се стекнат студентите, што значи префиксот еден од 100те најдобри универзитети во светот, реномето и рангот на професорскиот кадар, ќе бидат на располагање како информации за сите оние што ќе не посетат. Оваа година организираме и семинар на многу актуелна тема, бесплатно за сите заинтересирани учесници, како демонстрацијата на сето она што може да се добие со студирање на овој универзитет и на програмите што се нудат во Скопје“, изјави Марија Никовска, директор на Академија за Менаџери.

Д-р Лесли Самози е постар професор и академски директор на извршните МБА студии на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ. Со екстензивното академско и професионално искуство во областитеМенаџирање на промени и Менаџмент со човечки ресурси, д-р Самози е еден од најбараните експерти во познати компании и корпорации од Јужна и Југоисточна Европа каде вовел бројни структурни подобрувања.

Отворениот ден и семинар ќе се одржи на 19 јуни во хотел ТЦЦ Гранд Плаза, од 12.00 до 17.30 часот. Учеството на Отворениот ден и семинарот е бесплатно, а потребно е навремено пријавување заради ограничениот број на учесници. Рокот за пријавување е до 18тијуни (среда) до 12.00ч преку веб страницата на Академијата.

 

Share

Соработници и партнери