Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Зошто денот треба да започне со природен сок од портокал

Утринските подготовки се посебно динамични за родители што ги спремаат своите деца за градинка или школо. Сонливоста и жедта дополнително го раздразнуваат расположението, кога подготовките мора да се брзи и навреме да се стигне во школо и на работа. Чаша сок од портокал може да направи вистинска магија во брзото расонување и освежување. Дополнително, нутриционистите препорачуваат токму денот да се започне со свежо овошје или 100% овошен сок, посебно сок од портокал затоа што содржи голем процент на витамин Ц а истиот помага за брзо будење на организмот. Но, не сите имаат свежи портокали или пак време за приготвување сок. Затоа, подеднакво корисна и добра опција е природен сок од портокал...

Покрај будењето, природен сок од портокал има уште многу други придобивки што секој родител треба да ги знае. Прочитајте кои се 5те ТОП причини зошто вашите деца треба да го консумираат секојдневно:

1.     За подобар имунитет – Витаминот Ц има посебно значајна улога во градење на добар имунолошки систем.Поради високото ниво на витамин Ц во портокалот, а со тоа и во 100% сок од портокал, консумацијата на овој сок може да биде многу корисен за подобрување на имунитетот. Токму затоа, овој сок делува како превентива од сезонските вируси и настинки кај вашите деца.

2.     Ја спречува појавата на анемија– Витаминот Ц е корисен од многу аспекти а меѓу другото и ја поттикнува апсорпцијата на хемоглобинот, којшто пак е клучен во создавањето и одржувањето на црвените крвни клетки. Додека пак недостаток на црвени крвни клетки може да доведе до појава на анемија. Сокот од портокал обезбедува доволна количина на витамин Ц, што е причината зошто повеќето педијатри им препорачуваат на родителите да им даваат сок од портокал секојдневно.

3.     Го подобрува видот. Сокот од портокал, освен високото ниво на витамин Ц, содржи и витамин А, кој е директно поврзан со здравјето на очите. Воедно се смета дека е неминовен за одржување на добриот вид и подобрување на истиот кај децата. Само една чаша сок од портокал содржи речиси 50% од неопходната дневна доза на овој скапоцен витамин.

4.     За правилен раст и развој. Витаминската бомба од овој сок содржи и солидно ниво на калциум и го помага неговото врзување во организмот на децата. Овој важен минерал кој што на сите ни е познат, има клучна улога во здравјето на коските и го помага правилниот раст и развој кај децата. Покрај тоа, калциумот го одржува и здравјето на срцето, мускулите и забите. 

5.     Го регулира дигестивниот систем. Антиоксидансите што се наоѓаат во сокот од портокал, помагаат при забрзувањето на метаболизмот и регулирањето на дигестивниот систем, го спречуваат задржувањето на течностите и го елиминираат вишокот и штетни масти од детскиот организам.

 

Share

Соработници и партнери