Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

100% сок од јаболко за 100% здрави деца!

Сите знаеме што е здрава исхрана и што е најдобро за нашите деца. Но, за да можеме уште подобро да влијаеме на создавањето на здрави навики во исхраната кај нашите деца, треба ние самите да ги дознаеме придобивките од консумирањето на здрави и хранливи производи. Децата имаа многу поактивно секојдневие и со тоа трошат многу повеќе енергија. Затоа потребно е да внесуваат секаква и разновидна храна и пијалаци, но ние треба да го направиме правилниот избор на производи и состојки, што ќе ги снабдат со потребата енергија. Сепак, потребно е да знаеме кој вид храна за што е добра и на кој дел од развојот најмногу помага...

Овошјата и природните овошни сокови се еден од клучните извори на хранливи состојки, а оваа листа без сомневање е предводена од јаболкото како овошје што носи бројни хранливи состојки и помага во целосниот развој на детето. Јаболкото е вистинска мала ризница на состојки коишто позитивно влијаат на детскиот организам, затоа што содржи диетални влакна, витамини и минерали, калциум, фосфор, магнезиум и железо.

За вас, издвоивме ТОП 5 причини зошто да воведете 100% сок од јаболко во исхраната на вашите деца, ако тоа веќе не сте го направиле.

1.     За подобар имунитет.Солидната количина на Витамин Ц што ја содржи 100% сок од јаболко, помага за зајакнување на имунитетот кај децата и превенира од сезонските вирусни и бактериски заболувања.

2.     Го снабдува организмот со природни овошни шеќери.Децата се постојано активни и трошат многу енергија, па оттаму честата потреба од консумирање нешто благо и слатко. Јаболкото како и 100% сок од јаболко е богат извор на природни и здрави, овошни шеќери. Така што консумирањето 100% сок од јаболко комплетно ја задоволува потребата на организмот од природни шеќери, а со тоа и ја намалува потребата од дополнително внесување на благо во форма на чоколади, колачи и слично.

3.     За побели и поздрави заби. 100% сок од јаболко не ги заменува четкичката и пастата за заби, но го стимулира производството на плунка во устата, со што ја намалува можноста одрасипувањето на детските заби.

4.     Ги штити коските. Високата количина на калциум во100% сок од јаболко го спречува губењето на калциум во крвта, што пакпревенира губење на калциум во коските на децата.

5.     За добар сон.Детските денови, преполни со различни активности кои ја истрошуваат нивната енергија, понекогаш можат да влијаат врз сонот. 100% сок од јаболко изобилува со Витаминот Б6 што е клучен фактор за мирен сон кај вашите најдраги. Практикувајте освен во утринските, да им го нудите и во текот на вечерните часови.

 

Share

Соработници и партнери