Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Улогата на таткото во животот на децата

Таткото игра важна улога во развојот на детето од неговот раѓање па се додека стане возрасно. Всушност, бројни студии покажуваат дека

: Деца чиј татко игра важна улога во нивниот живот имаат социјална и академска предност пред децата кои имаат дистанциран или воопшто немаат однос со својот татко. "Откривме дека децата кои во својот живот имаат јасна улога на својот татко имаат помалку проблеми" вели Маурин Блек, доктор и истражувач за педијатрија во универзитетот Мариланд.

Според истражување на универзитетот во Илиноис, деца чиј татко им посветува внимание и се грижи за нивното секојдневие и обврски се поуспешни во училиште. Важно е да се истакне дека овој човек во животот на детето немора да е биолошкиот татко, туку фигура во животот на детето која има влијание во неговото секојдневие.

Влијание на таткото врз синот

Истражувања на универзитетот Оксфорд покажуваат дека момчиња кои се блиски со својот татко е поверојатно да немаат проблеми со законот кога ќе пораснат. Дополнително, добар татко може да биде добар пример како треба да се гради како личност а водено и да биде поотворен за своите чувства.  

Во семејствата со самохрани мајки оваа личност може да биде вујкото, дедото, постариот брат или некој добар пријател на мајката.

Влијание на таткото врз ќерката

Девојчињата исто така имаат придобивки од односот со својот татко. Според истражувањата на Универзитетот Вандербит, девојчињата кои во првите пет години имаат близок однос со својот татко покасно влегуваат во пубертет. Додатно се покажало дека девојчињата кои имаат поинволвиран татко во нивниот живот е поверојатно да немаат психолошки проблеми подоцна во животот. Искрено внимание и посветеност можат да помогнат девојчињата да пораснат во силни самостојни индивидуи.

Share

Соработници и партнери