Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Чантите на нашити најмили претешки за нивната тежина

Колку е детето помало, тоа е помалку дозволено оптоварување, а за децата меѓу 6 и 7 години не би смеело да изнесува повеќе од 5-10 отсто од нивната тежина.Претворено во бројки, дете од 24 килограми, не би смеело да носи чанта потешка од 1,2 до 2,4 килограми. Меѓутоа тоа ретко се случува.

Ако детето носи претежок товар, тешко ќе оди и побрзо ќе се изморува. Преголемиот товар на чантата која виси на рамена може да доведе до болови во рамената, трпки во рацете и прстите како и замор на вратната и грбната мускулатура. Детето научете го чантата да ја носи на двете рамена, т.е. да не ја става само на едно рамо, што многу деца го прават тоа. Многу е важно товарот рамномерно да се распореди на грбот. 

Чантата треба правилно да се носи стегната но не премногу.Кога ја земаат чантата од под научете го детето да ги свиткува колениците.Првиот знак дека чантата е претешка е слабост или трпки во рацете или нозете. Обратете внимание и на црвенилото на рамената од втиснатите нараменици и други видливи знаци на телото како што се подливи, чешање, иритации.Чантата треба да биде направена од непропустлив материјал и да има мачји очи или светлечки ленти за безбедност на детето во темница.

Share

Соработници и партнери