Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Дали знаете што прават вашите деца на интернет?

Дали знаете што прават вашите деца online? Сте се запрашале ли дали вашите деца имале некакво негативно искуство во виртуелниот свет? Интернетот е меч со две острици – информации и можности, но и многу опасности...

Искрен разговор, контрола на тоа што го прават на компјутерот, па дури и блокирање на одредени интернет страници и клучни зборови. Родителите имаат повеќе можности.

Постојат многу бесплатни и лесни верзии на софтвери наменети за родителите, кои лесно се инсталираат и може да се внесат страници и поими кои би идентификувале несоодветени страници. Безбедно на интернет е една таква страница.

Речиси 85 проценти од децата користат интернет и повеќето од нив се уште немале негативни искуства, но опасноста расте бидејќи помалите деца истражуваат различни електронски страници, покажува истражувањето „Ризик и безбедност на интернет", извршено од страна на ЕУ и Економското училиште во Лондон. Истражувањето, во кое биле вклучени илјадници деца низ цела Европа, од Ирска до Турција, покажа дека 12 отсто од анкетираните имале искуство со порнографија, сексуални пораки или оставање на лични податоци на ризични станици.

Oд сите анкетирани, 39 проценти „ризично" се однесувале кога користеле интернет, најчесто при комуникација со „познати“ луѓе иако не се запознавале „во живо”. Меѓу нив се и оние кои посочија дека се среќаваат со говор на омраза на интернет страниците или со промоција на конзумирање наркотици, но само мал број од нив тврдат дека поради тоа се чувствуваат вознемирени.

Друг голем проблем е што сите помлади деца почнуваат да го користат глобалниот систем на комуникација. Точно кај овие деца е највисок процентот на непријатни искуства. Затоа експертите укажуваат дека образованието на децата за добрите и лошите страни на интернетот почнува во рана возраст. Исто така е од големо значење родителите да се запознаат со она што нивните деца го прават на интернет. Истражувањето покажа дека 41 проценти од родителите воопшто не знаат дека нивните деца имале непријатно искуство на интернет и дека повеќето деца го користат интернетот без родителски надзор. Можеби тоа и не е изненадувачки, бидејќи 48 отсто од анкетираните деца имаат интернет во својата соба, а 31 отсто користат интернет од својот мобилен телефон.

38 проценти од децата до 13 години и 77 од оние до 16 години ги користат социјалните мрежи. На четвртина од нив профилите им се отворени, секој може да ги види фотографиите и информациите. Брисел бара социјалните мрежи да се обврзат на поголема заштита на малолетниците. Во меѓувреме, останува родителите да отворат „четири очи“ кога се децата пред компјутер.

Share

Соработници и партнери