Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Престојот во природа го штити детскиот вид

Повеќе време на отворено ги спасува децата од кратковидост, открија британските експерти...

За секој час, поминат во природа, шансите децата да стават очила се намалува за 2 проценти. Кратковидите деца неделно во просек поминуваат 3,7 часа помалку на отворено, отколку оние со нормален вид. 

Научниците од Универзитетот во Кембриџ го претставија своето истражување пред Американската офталмолошка академија. Во него тие го објаснуваат корисниот ефект на природата на видот со контактот со природните ултравиолетови зраци и со гледањето на децата во далечните објекти. Природната светлина, која е многу посветла од вештачката, отклучува во мозокот ослободување на допамин, стимулирајќи го видот.

Проф Џастин Шоруин, раководител на истражувањето, го негираше верувањето дека прекумерното читање и седење пред компјутерите предизвикуваат кратковидост. Да, тие можат да бидат едни од отежнувачките фактори, но не се одлучувачки. Шоруин истражувал 10.400 деца и констатирал дека не е важно колку долго време тие читаат и гледаат во мониторот, туку дали и колку стојат на отворено. Спортувањето во затворени сали не го дава истиот ефект и немало корисен ефект на видот.

Кога децата се во природа, ултравиолетовите зраци влијаат позитивно врз очните јаболка, додека со спречување на измените, водат до миопија. Недоволната изложеност на сончевите зраци го намалува нивото на витамин D, што е исто така ризик фактор за развој на кратковидост.

Според д-р Шоруин жителите на градовите се повеќе ранливи во овој поглед од луѓето кои живеат во руралните области. Претходните австралиски истражувања констатираа дека децата кои излегуваат секој ден по три часа на отворено, можат да го намалат за половина ризикот да станат кратковиди.

Share

Соработници и партнери