Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Димитар Андоновски: држев диета и ослабев цели 15 килограми

Димитар својата кариера ја започна уште од мали нозе на познатиот детски фестивал Си-до, потоа беше избран во потрагата по ѕвезди на М2 продукција. Пеењето му е животот, секојдневие фитнесот, воден е од старата поговорка „Во здраво тело, здрав дух“. За превентус.мк открива која е тајната на здравиот начин на живеење...

превентус.мк Што за тебе претставува пеењето, дали имаш посебни ритуали за одржување на твојот глас?

Димитар Пеењето е мојот живот, тоа е она што најдобро го правам и со могу љубов. Гласот е најосетливиот инструмент и ако еднаш го расипеш нема вракање назад. Затоа гласот го негувам, пазам и надградувам.

превентус.мк Има ли некоја болест од која се плашиш?

Димитар Не постои болест од која што се плашам бидејки се осеќам многу здрав исполнет со позитивна енргија и воопшто не размислувам на некаква болест.

превентус.мк Како се одржуваш во форма?

Димитар Благодарение на центарот за спортска исхрана Get Ready и мојот личен тренер Гоце Ѓошев се одржувам во форма, секојдневно посетувам фитнес и тоа ме исполнува и ми дава енергија за предизвиците кој ми престојат во текот на секој работен ден.

превентус.мк Внимаваш ли на исхраната?

Димитар Претежно внесувам природна протеиска исхрана и се хранам по одредена програма препишана од мојот тренер. Добро е човек да се информира и да знае што конзумира и каква храна внесува  во својот организам.

превентус.мк Без што не излегуваш од супермаркет?

Димитар Најчесто без овошје и зеленчук.

превентус.мк Твојот став за диетите?

Димитар И јас држев диета и ослабев цели 15 килограми, меѓутоа треба да се практикува и да се избере правилната диета.

превентус.мк А за пластичните операции?

Димитар Јас лично немам потреба, меѓутоа ако некој осеќа таква потреба немам против.

превентус.мк Каде најчесто се релаксираш од градскиот метеж?

Димитар Преферирам секоја недела заедно со моите другари да излеземе некаде надвор од Скопје каде што воздухот е свеж и го поминуваме цело попладне. Тоа е нешто што ми е потребно за да ме изрелаксира од напорните викенд настапи.

превентус.мк Без што не одиш на плажа?

Димитар Без крема за сончање со висок заштитен фактор, бидејќи мојата кожа е многу осетлива на сонце.

превентус.мк Твојот совет за здрав и исполнет живот е...

Димитар Би ја напоменал само онаа старата поговорка „Во здраво тело, здрав дух“.

 

Share

Соработници и партнери