Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Един Хајдерпашиќ: навремената и вистинска дијагноза е 80% од решението

 

Един Хајдерпашиќ го препознавате од малите екрани, во моментот е на вестите на телевизијата 24 вести, но има и своја авторска емисија - Интеграл за сите културни идентитети во Македонија. За превентус.мк открива дека е навлечен на вежбање, ужива во длабоки сенки кога сака да го избегне градскиот метеж... 

 

превентус.мк Покрај вестите сега се ангажираш и околу авторската емисија  „Интеграл“?

Един Така е. Емисијата ја работам со големо задоволство. Тоа е специјализиран телевизиски формат кој за жал е единствен од таков тип кај нас, иако темата која се обработува е наше секојдневие. Се трудам вредностите на нашето плурално општество да ги ставам во прв план, и на овој суштествен дел од нашата реалност да му дадам соодветен третман. Тоа е емисија за Македонија. Македонија со сите нејзини културни идентитети.

превентус.мк Колку внимаваш на твоето здравје?

Един Се трудам да се подобрам на тој план. Многу работи денес ставаме пред оние најважните. Јас сум еден од таквите. Се трудам превентивно да работам на своето здравје. А  пак, кога имам некаков проблем сметам дека е најбитно да имаш многу многу добар матичен лекар! Навремената и вистинска дијагноза е 80 % од решението. Имам среќа па во таа насока имам работа со вистинска професионалка , од која секогаш добивам соодветна терапија или совет.

превентус.мк Како се одржуваш во форма?

 

Един Ахх се навлеков на теретана и беше топ, но ја затворија. Сега сум дома на справи...

превентус.мк Внимаваш ли на исхраната?

Един Се разбира. Еднаш пробаа да ми протнат 14 ќабапчиња, а јас нарачав 15. Ете што можеше да се случи да не внимавав :D

превентус.мк Без што не излегуваш од супермаркет?

Един Јогурт и павлака, зденка, пршута, овошни јогурти, сирење и маслинки, путер од оние германските и печурки!

превентус.мк Твојот став за диетите?

Един Па мислам дека се најдобри оние индивидуално правени, нели според крвна анализа и слично. Судејќи барем според фотографии на луѓе пред и потоа, гледам дека многу им помогнале...

превентус.мк А за пластичните операции?

Един Сум за тие кои навистина компензираат некој недостаток или пак деформација како и естетски операции но направени со вкус и професионално. Генерлано сум за нив и ако пластична операција некому многу би му помогнала за зголемување на самодовербата, тогаш нема потреба од двоумење...

 

превентус.мк Каде најчесто се релаксираш од градскиот метеж?

Един Покрај вода. Езеро најчесто. Периферија. Длабока сенка...

превентус.мк Без што не одиш на плажа?

Един Млеко за сончање. Имам чувствителна кожа.

 
 
Share

Соработници и партнери