Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Како да се заштитиме од листеријата

Инфекцијата со листерија или листериоза е болест обично  предизвикана со јадење храна загадена со бактеријата Listeria monocytogenes.

Кој е во опасност од инфекција со листерија?

Инфекцијата со листерија може различно да делува на луѓето. Здрави луѓе може да имаат малку симптоми или воопшто да ги немаат. Меѓутоа, за некои луѓе инфекцијата може да биде толку сериозна што им е потребно болничко лекување и може да биде опасна по живот.

Меѓу луѓето кои се особено изложени на ризик од инфекција се:

• сите чиј имунолошки систем е ослабен од болести како што се: рак, леукемија, шеќерна болест (дијабетес), СИДА (AIDS), заболувања на црниот дроб (џигерот), заболувања на бубрезите (вклучително луѓето кои одат на дијализа)

• постари луѓе

• трудни жени и нивните неродени бебиња

• сите кои земаат лекови како што се преднизон или кортизон, бидејќи тие исто така може да го ослабат имунолошкиот систем. Меѓу нив се пациентите со пресадени органи.

• новородени бебиња.

Кои се симптомите?

Здравите луѓе може да немаат никакви проблеми. Кај лицата изложени на ризик, симптомите може да бидат треска, главоболка, измореност и болки. Овие симптоми може да преминат во посериозни видови на болеста како што се менингитис (инфекција на мозокот) и септицемија (труење на крвта). Помалку чести симптоми се пролив, мачнина и стомачни грчови. Симптомите се појавуваат во просек околу три недели по јадењето загадена храна, но може да се јават и во периодот од три до 70 дена. Кај трудните жени инфекцијата со листерија е обично лесна болест. Висока температура пред или за време на породувањето може да биде единствениот знак. Меѓутоа, дури и блага форма на болеста може да влијае врз нероденото бебе (плодот) и да доведе до побацување, раѓање на мртво бебе, недоносено новороденче или бебе кое се раѓа многу болно. Заразените луѓе може да ја исфрлуваат бактеријата преку изметот неколку месеци.

Колку е честа инфекцијата со листерија?

Инфекцијата со листерија е релативно ретка. Меѓутоа, стапката на смртност кај луѓето изложени на ризик може да достигне 30 проценти.

Дали инфекцијата со листерија може да се излекува?

Да, инфекцијата со листерија може успешно да се лекува со антибиотоци, ако лекувањето почне рано.

Каде има листерија?

Листеријата е широко распространета бактерија која обично ја има во земјата, силажата, птиците и животните. Бактеријата исто така може да се најде во различни видови храна, вклучувајќи го суровото месо, суровиот зеленчук и некои видови преработена храна. Некогаш не може да се утврди која конкретна храна ја предизвикала болеста, бидејќи симптомите може да се појават 3 до 70 дена по јадењето загадена храна.  Масовни инфекции со листерија предизвикани од прехранбени артикли како што се меки сирења, coleslaw, варени хренвиршли (hot dogs) и паштета се забележани во Европа, Америка и Австралија.

Како може да одбегнам инфицирање со листерија?

Бидејќи бактеријата листерија е широко распространета во природата, таа тешко може да се истреби. Извесна изложеност на бактеријата е неизбежна. Меѓутоа, кај мнозинството луѓе постои мал ризик да добијат инфекција со листерија.

Подобро е да се спречи одошто да се лекува

Луѓето изложени на ризик од инфекција со листерија може да го намалат ризикот ако:

• не јадат прехранбени продукти со висок ризик

• секогаш безбедно ракуваат со храна

• одбегнуваат контакт со било која животинска постелица (плацента) и со абортирани животински фетуси, бидејќи е познато дека инфекцијата со листерија предизвикува заболување и абортуси кај животни.

Храна со висок ризик

Овие прехранбени продукти треба да се одбегнуваат:

• морска храна спремна за јадење како што е чадена риба и чадени школки, остриги и сурова морска храна како што се сашими или суши

• претходно зготвени и спакувани овошни салати и салати од зеленчук, вклучувајќи ги тие на располагање во бифеа, салатни барови и сендвич барови

• напитоци од свежо овошје и/или зеленчук

• храна за која не се знаат постапките на миење (со ислучок на пастеризирани или конзервирани сокови)

• месни производи што се јадат без дополнително готвење или подгревање како што се паштети, шунки, салами и печено зачинето пилешко (како што се продава во продавниците за сендвичи)

• непастеризирано млеко или производи од непастеризирано mлеко, мек сладолед

• меки сирења како бри, камембер, урда (рикота) и бело  сирење (фета); (безбедни се за јадење ако се сварат, испечат или испржат, и се јадат жешки)

• храна спремна за јадење, вклучувајќи месо останато од претходен оброк, која стоела во фрижидер повеќе од еден ден

• „дипс“ и преливи за салати во кои бил потопен зеленчук

• салатни украси од суров зеленчук.

Безбедна храна

Во тие прехранбени продукти спаѓаат:

• свежо приготвена храна што веднаш ќе се јаде

• свежо сварена, испечена или испржена храна што веднаш ќе

се јаде

• тврди сирења, премази од сирење, процесирано сирење

• млеко – свежо пастеризирано и со долг рок на траење

• јогурт

• конзервирана храна и туршија.

Безбедно готвење и чување на храната

Безбедното ракување и чување на храната се важни за сите. Ваквите постапки се посебно важни за секого за кого инфекцијата со листерија претставува сериозен ризик. За разлика од мнозинството други бактерии што ја загадуваат храната, листеријата може да се размножува и во фрижидер.

Меѓутоа, листеријата е бактерија која целосно се уништува со готвење. Вие може да го намалите ризикот од добивање инфекција со листерија и други заболување предизвикани од храна, како што е гастроентеритисот, ако се придржувате на некои основни правила за хигиена и чување на храната:

• Мијте ги рацете пред да почнете да готвите и меѓу контактите со сурова и храна готова за јадење.

• Храната држете ја покриена.

• Сета зготвена храна ставете ја во фрижидер во рок од еден час откако е зготвена.

• Суровото месо, суровата живина и суровата риба ставајте ги на најниските полици на фрижидерот за да не капат на зготвената и храната спремна за јадење.

• Одржувајте го фрижидерот чист и со температура под 5°C.

• Во поглед на разладуваната храна строго почитувајте го рокот на употреба.

• За зготвена храна не користете ист прибор (маши, ножови, штици за сечење) што бил користен за сурова храна, ако претходно, меѓу две користења, не бил темелно измиен со жешка вода и сапуница.

• Сиот суров зеленчук, салати и овошје треба да бидат добро измиени пред јадење или цедење, и изедени свежи.

• Одмрзнувајте ја храната со ставање на подолните полици во фрижидерот или користете микробранова печка.Темелно варете, пржете или печете ги сите прехранбени продукти од животинско потекло, вклучувајќи ги јајцата.

• Топлите јадења чувајте ги жешки (над 60°C), а студените јадења студени (на или под 5°C).

• Подгревајте ја храната додека нејзината внатрешна температура не достигне најмалку 75°C (да биде жешка).

• Кога користите микробранова печка, внимателно прочитајте го упатството за употреба и придржувајте се кон препораченото време за отстојување на храната, за да се обезбеди таа да има рамномерна температура пред јадење.

Информацијата е превземена од: http://docs.health.vic.gov.au/docs/doc/029771E5358F6D02CA2579F700186F2C/$FILE/Listeria%20Macedonian-English.pdf

 

Share

Соработници и партнери