Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Психогена еректилна дисфункција

Психогената еректилна дисфункција, која се јавува како проблем кај мажите без разлика на возрасната група, претставува подолготрајна неможност за постигнување задоволителна ерекција во интимниот контакт како резултат на психолошки или интерперсонални фактори. Мажите се особено психогено сензитивни кога станува збор за сексуалната изведба и тоа го доживуваат многу постресно од жените. Ова е особено нагласено при првите интимни контакти кога често се појавува мислата: ,,да се покажам во сексуалната изведба најдобро што можам“,  која пак повлекува зголемен интензитет на вознемиреност...

Психогената еректилна дисфункција, која се јавува како проблем кај мажите без разлика на возрасната група, претставува подолготрајна неможност за постигнување задоволителна ерекција во интимниот контакт како резултат на психолошки или интерперсонални фактори. Мажите се особено психогено сензитивни кога станува збор за сексуалната изведба и тоа го доживуваат многу постресно од жените. Ова е особено нагласено при првите интимни контакти кога често се појавува мислата: ,,да се покажам во сексуалната изведба најдобро што можам“,  која пак повлекува зголемен интензитет на вознемиреност.Вознемиреноста, депресијата, катастрофичниот начин на размислување пред интимниот контакт, проблемите со партнерот, трауматското искуство се само дел од причините кои доведуваат до намален сексуален нагон и покрај постоење на објективна физиолошка желба. Кога ќе се соочат со сексуалната изведба и сексуалната будност кај партнерот, мажите стануваат повеќе загрижени за својата изведба и се отргнуваат од еротското чувство и задоволство што резултира со еректилна дисфункција. Одбегнувањето на интимните контакти поради стравот од неуспешна ерекција ја намалува самодовербата и го пролонгира проблемот кој често резултира и со проблем во партнерските релации. Ова е импликација за психотерапевтски процедури како што се секс-терапијата, терапијата со когнитивно бихејвиорален пристап, третман во пар, кои делуваат на промена на мислите и однесувањата, како и кон психоедукација, зајакнување на психосексуалните вештини и сензитивен фокус, при што личноста треба да го фокусира своето внимание на еротските мисли и сетилни стимулуси.

Најважен сексуален орган е мозокот, поточно мислите и чувствата, интерпретацијата на физичкиот контакт со другите и сл.  Психогената еректилна дисфункција е решлива доколку се разбере взаемната врска на телото и умот, се зајакне самодовербата, се создаде позитивен однос кон сексуалноста и релациите со партнерот, се намалат нерационалните очекувања за сексуалната изведба и истовремено се насочиме кон сетилните сексуални стимулуси.

Д-р.М-р Вера Типко, психијатар, когнитив бихејвиор   психотерапевт, Терапeвтски центар Еквилибриум-разум и визија

www.equilibriumvera.com

 
Share

Соработници и партнери