Дървен материал от www.emsien3.com

The best bookmaker bet365

The best bookmaker bet365

Menu
RSS

Карцином на тестис – вистини кои треба да ги осознаете

Карциномот на тестис е болест која може да се јави во едниот, а поретко во обата тестиси. Првенствено се јавува кај младата популација. Причини, симптоми, дијагноза, третман. Сè за оваа сериозна болест од м-р д-р Елизабета Стојовска – Јовановска, специјалист радиолог...

Карциномот на тестис е болест која може да се јави во едниот, а поретко во обата тестиси. Првенствено се јавува кај младата популација. Причини, симптоми, дијагноза, третман. Сè за оваа сериозна болест од м-р д-р Елизабета Стојовска – Јовановска, специјалист радиолог.

Што е карцином на тестис?

Тестисите се пар машки полови органи,во кои се произведува и чува спермата. Тоа се жлезди во кои се лачи тестостеронот - хормон кој е главен во сексуалниот развој на машките индивидуи. Сместени се под пенисот, од обете страни, во скротумот.

Карциномот на тестис е болест која може да се јави во едниот, а поретко во обата тестиси. Првенствено се јавува кај младата популација, поточно според податоците од Светската здравствена организација, кај мажи помеѓу 15 и 40 година, иако поретко, сепак, се јавува и во петтата деценија од животот. Во зависност од карактеристиките на клетките во туморот, карциномите на тестиси се класифицирани во две групи семиноми, на кои отпаѓаат 40% од сите случаи и не-семиноми, една поголема група на различни тумори, кои земаат учество со 60% во вкупниот број на случаи на карцином на тестисите.

Зошто се јавува?

За жал, како и за повеќето малигни болести, причината или причините за појавата на оваа болест се непознати, но постојат ризик фактори кои ги зголемуваат шансите за развој на тестикуларниот карцином. Најчесто споменувани се :

  • Неспуштени тестиси, т.н. крипторхизам – нормално пред раѓањето обата тестиса се спуштаат од абдоменот во скротумот. Доколку ова не се случи, заостанувањето на тестисот во абдоменот е ризик фактор кој го зголемува ризикот за појава на болеста, дури и во случаи кога е извршен оперативен зафат;
  • Вродени аномалии на тестисите, пенисот или бубрезите, дури и постоењето на ингвинални хернии;
  • Фамилијарна историја – ризикот е поголем кај мажи чиј брат или татко ја имале оваа болест;
  • Доколку бил дијагностициран карцином на едниот тестис, постои зголемен ризик за развој на болеста и во другиот тестис;
  • Повреда на тестисот.

Кои се симптомите и кога на преглед?

Најчесто мажите сами ја откриваат промената, иако при секој систематски преглед докторот е должен да изврши рутински преглед и на тестисите.

Мажот мора да побара докторски преглед доколку осети кој било од наведените симптоми или промени, на еден или обата, тестиса:

  • Безболeн израсток или тврдина во тестисот
  • Болка, чувство на тежина или неудобност во тестисот или скротумот, која трае
  • Секаков вид на зголемување на тестисот, вклучувајќи и оток
  • Болка во долниот дел на стомакот, грбот или препоните, која трае
  • Појава на крв во ејакулатот.

Како се дијагностицира болеста?

Се почнува со физикален преглед кај матичниот доктор кој ќе ве упати кај специјалист уролог. Потоа, следат крвни анализи и радиолошки дијагностички процедури. Имено,

  • Крните анализи се во насока на одредување на следниве параметри:

Алфа-фетопротеин (AFP), лактатдехидрогеназа (LDH) и бета- ХЦГ     туморски маркер. Зголемувањето на овие параметри над нормалните граници го сугерира постоењето на болеста.

  • Ултразвучен преглед на тестисите;
  • Во поново време, се препорачува преглед со магнетна резонанса на ниво на скротумот, со што ќе се одреди промената и екстензијата на истата во околината;
  • Биопсија на туморската промена;
  • Компјутерска томографија на белите дробови, абдоменот и малата карлица, преглед со кој ќе се одреди евентуалното постоење на далечни метастази, во лимфните јазли и паренхимите органи.

Како се лекува?

Лекувањето зависи од видот на туморот и стадиумот на болеста. Стадиумот на болеста не го одредува големината на туморот, туку инфилтрирањето на туморот во лимфните жлезди и оддалечените органи. Доколку туморот е локализиран само во тестисот болеста е во I стадиум, доколку е проширен во лимфните жлезди до дијафрагмата - II стадиум. Проширувањето во жлездите над дијафрагмата значи болест во III стадиум, а зафаќање на оддалечени органи значи IV стадиум. Според ова, како и тоа дали туморот е од групата на семиноми или не-семиноми се одредува пристапот во лекувањето.

Во преден план е оперативниот хируршки третман кој подразбира отстранување на заболениот тестис во целост – орхиектомија, со отстранување на регионалните лимфни жлезди или доколку болеста е во вториот стадиум со ретроперитонеална лимфаденектомија. Потоа, следи соодветна онколошка терапија во смисла на радио- (зрачна) и хемотерапија.

Од голема важност е следењето на здравствената состојба на мажот кој имал карцином на тестис. Редовните контроли подразбираат ултразвучни прегледи на скротумот и здравиот тестис, на абдоменот, рендгенографија на белите дробови, контрола на туморските маркери, како и еднаш годишно во првите години од болеста задолжителна компјутерска томографија на абдоменот и белите дробови.

м-р д-р Елизабета Стојовска – Јовановска, специјалист радиолог
Универзитетска Клиника за радиологија - Скопје

Share

Соработници и партнери